884
Директорот на Наполи, Џовани Мана вели дека тие постигнале договор со Борусија Дортмунд за трансфер на Карим Адејеми, но на крајот зделката сепак не се реализираше.
Се чинеше дека работата е завршена и Карим Адејеми ќе се пресели во Наполи, но трансферот не се реализираше иако клубовите си подадоа рака.
„Можам да потврдам дека имавме договор Борусија Дортмунд за Адејеми“, вели Мана.
„Јас се сретнав со Карим во Германија, но договорот пропадна затоа што тој не сакаше да дојде кај нас“.
„Прочитав дека тој веќе се договорил со друг клуб за јули.. нека му е со среќа“.