Од другата страна на приказната: Лампард си имал мака со Грановскаја

by
2 минути читање

Довчерашниот
тренер на Челси, како и легенда на тој клуб, Френк Лампард наводно имал големи
несогласувања и судир со директорката Марина Грановскаја, која важи за десна
рака на првиот човек на клубот, Роман Абрамович.

Роман Абрамович решил да му даде отказ на Френк Лампард бидејќи бил загрижен за две ѕвезди

Клучното прашање
околу кое се појавиле првичните несогласувања со Грановскаја било статусот на
голманот Кепа Аризабалага, но, дополнителен проблем била и желбата на Лампард
за ангажман на Деклан Рајс од Вест Хем, желба која не му беше реализирана од
клубот.

42 годишниот
Лампард доби отказ од клупата на Челси токму денеска откако „Сините“ од Лондон
по низата лоши резултати паднаа на дури деветото место на табелата во
Премиерлигата.

„Атлетик“ пишува
дека една од причините за отказот на Лампард е поради разнишаниот однос со
влијателната Грановскаја, која воопшто не била задоволна од третманот кон
голманот Кепа, кој за волја на вистината беше во очајна форма.

Тензиите почнале
уште пред 12 месеци кога Лампард јавно упати критики за неможноста да се засили
неговиот состав во јануарскиот преоден рок, меѓутоа продолжиле со Кепа, а на
крајот на ланската сезона Лампард јасно наведе дека му е потребен нов голман, и
покрај тоа што од раководството на клубот му било укажано дека треба да има
доверба во Кепа, како и тоа дека треба да се обиде да му ја врати
самодовербата.

Во целата
приказна има место и за стоперот Антонио Рудигер, од кого Лампард сакал да се
ослободи, иако Германецот е високо ценет од раководството на клубот, а чашата
се прелила со Деклан Рајс, за кого Лампард посебно притискал за негов ангажман,
меѓутоа во клубот стравувале од фактот што би биле посрамотени да ангажираат
фудбалер кого го ослободиле уште како тинејџер, а потоа да го купат за дури 70
милиони фунти.

Освен Рајнс, се
споменува и дека Лампард го посакувал Џејмс Тарковски од Барнли, меѓутоа
Грановскаја била децидна – ниту едниот, ниту другиот.

Се верува дека во
соблекувалната немало позитивна атмосфера, а некои фудбалери дури и биле крајно
разочарани од начинот на кој Лампард јавно го искажувал револтот кон нив поради
очајните резултати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×