Деле Али има сезона за заборав во Турција, беше пречекан како Бог, но за кратко време стана непопуларна личност во Бешикташ.
Неодамна се појавија гласини дека на Англичанецот му било кажано дека нема да игра во продолжението од сезоната и натправарите ќе ги следи од трибини.
Шенел Ѓунеш сега открива дека од фудбалерот нема ниту трага ниту глас, никој не знае каде е Деле Али, кој добил неколку дена одмор и сега не крева телефон.
„Му дадовме дозвола да земе неколку дена одмор, но се уште не е вратен. Не се јавува на телефон, се надевам дека е добар и не му се случило нешто лошо“ – вели тренерот на Бешикташ, кој потоа направи мала шега.
„Денес врне, па можеби затоа не е дојден“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.