460
Френки де Јонг го одби Манчестер јунајтед и покрај тоа што двата клуба постигнаа договор, но информациите велат дека Холанѓанецот е отворен за преселба во Челси.
Сините од Стемфорд Бриџ се подготвени да платат 80 милиони евра за Де Јонг колку што бара Барселона, па трансферот е реален за реализација.
Барањата на Де Јонг за личните услови не се мали, па додека и тој не си подаде рака со Челси, не може да се каже дека со сигурност ќе се реализираа оваа зделка иако како што сега стојат работите реално е тоа да се случи.
Како дел од преговорите меѓу двата клуба можат да бидат вклучени и Маркос Алонсо и Цезар Аспиликуета за кои интерес има од Барселона.