Од цела репрезентација на Аргентина само еден фудбалер нема тетоважи

by Стефан
1 минути читање

Аргентинската репрезентација со години важи за тим препознатлив по борбениот дух, атрактивниот фудбал, но и по бројните тетоважи што ги красат телата на нејзините фудбалери. Сепак, меѓу светските шампиони има еден играч кој целосно се издвојува од тој тренд.

Во ерата на модерниот фудбал, тетоважите станаа дел од имиџот на многу фудбалери, особено кај јужноамериканските репрезентативци. Аргентинскиот состав е вистински пример за тоа, од капитенот Лионел Меси, преку Родриго Де Пол, па сè до искусниот Николас Отаменди, речиси сите имаат впечатливи тетоважи.

Напаѓачот Хулијан Алварез е единствениот репрезентативец на Аргентина кој нема ниту една тетоважа. Токму овој необичен детал деновиве стана хит на социјалните мрежи, откако се прошири фотографија на која јасно се гледа разликата меѓу него и неговите соиграчи.

Аргентина доцна вечерва, со почеток во 3 часот по полноќ по средноевропско време, ќе се соочи со Швајцарија во четвртфиналето на Светското првенство, во натпревар кој ќе одлучи кој ќе обезбеди место во полуфиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×