Од Бугарија порачаа: „Не ни е важен идентитетот, ама Ѓоко е еден од нас“ (ФОТО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Спартак Варна успеа да обезбеди опстанок во бугарската елита, а по последниот судиски свиреж следуваше големо славје меѓу навивачите на клубот.

Тимот предводен од Ѓоко Хаџиевски со убедлива победа над Локомотив Софија ја исполни целта, а еуфоријата на трибините беше огромна.

Македонскиот стратег беше еден од главните херои на вечерта, а навивачите му испратија и посебна порака со транспарент на кој пишуваше: „Не ни е важен идентитетот, Ѓоко е еден од нас“.

Со ова фановите јасно покажаа дека сакаат Хаџиевски да остане на клупата на Спартак Варна и во следната сезона.

Фото: Sportal.bg

Можно е и ова да ти се допаѓа

×