Од Баерн Минхен
потврдија дека 31 годишниот Иван Перишиќ се враќа во својот клуб Интер откако
мина цела сезона во дресот на германскиот првак на позајмица.
Баерн Минхен
донесе конечна одлука околу прашањето со Хрватот, а истата е да не се откупува
неговиот договор со Интер кој е со важност до 2022. година, и покрај одличните
перформанси на офанзивецот.
„Иван се
однесуваше доста професионално изминатата година, беше од исклучителна важност
за нашиот тим и одигра витална улога во освојувањето на титулата во домашното
првенство, Купот како и Лигата на шампионите, му посакуваме се’ најдобро во неговата кариера“ изјави спортскиот директор на „Баварците“, Хасан Салихамиџиќ.
И шефот на
стручниот штаб на Баерн Минхен, Ханси Флик искажа благодарност до залагањето на
Перишиќ, додавајќи дека уживал во соработката со Хрватот кој на 35 настапи за
тој клуб успеа да постигне осум погодоци, односно десет асистенции.