172
Тотнем одамна не блеска, но денешното издание им беше посебно лошо. Фудбалерите на Жозе Мурињо не шутнаа ниту еднаш во рамките од голот на Борнмут.
Мурињо повторно може да биде бесен на ВАР, бидејќи во шестата минута Хари Кејн беше соборен во шеснаесетникот и многу судии тоа би го свирнале како чист пенал, но Тотнем не доби ништо.
Сепак еден таков коментар нема да може многу да го оправда Португалецот бидејќи играта на неговиот тим беше под секое ниво.
Во судиското продолжение Борнмут се израдува на гол, но погодокот беше поништен со ВАР поради игра со рака на еден од играчите на домаќините.
По овој резултат Тотнем полека но сигурно ги губи шансите за топ пет местата во Премиерлигата.