Обвинителството поднесе пријава: Барса плаќала пари за да добие наклонетост од судиите!

by
1 минути читање

Најавите на
медиумите од Шпанија се остварија, обвинителството денеска до судот поднесе
пријава против Барселона за случајот „Негреира“.

Пријавата е
против Барселона како правно лице, понрашените директори Сандро Росел и Жозеп
Мариа Бартомеу како и уште двајца поранешни директори, Оскар Грау и Алберт
Солер.

„Барселона имала таен
вербален договор со Енрикез Негреира, кој требал да ја искористи својата улога
како потпретседател на судискиот комитет и во замена за пари да превзема акции
со цел Барселона да добива наклонетост од судиите а со самото тоа да се влијае
и на резултатите“
– се вели во дел од пријавата.

Сега судот треба
да одлучи како ќе продолжи целиот процес, од Камп Ноу постојано нагласуваат дека
никогаш не купувале наклонетос на судиите и Енрикез Негреира имал задача
да обезбеди извештаи и видео материјали за играчи од пониските лиги, како и
извештаии за судиите кои и делеле правда на Барселона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×