Обложувалниците го оредија фаворитот за наследник на Солшер, Манчестер јунајтед го контактирал Покетино

by
1 минути читање

Синоќешниот пораз
од Башакшехир во Лигата на шампионите донесе многу прашалници за иднината на Оле
Гунар Солшер, многумина веруваат дека пораз од Евертон во сабота ќе му пресуди
на Норвежанецот и тој ќе добие отказ.

Според пишувањата
на МЕН, раководството на Манчестер јунајтед остварило контакт со агентите на
Маурисио Покетино и се распрашувале за можноста Аргентинецот да го наследи Оле
Гунар Солшер на жешкото столче на Олд Трафорд.

Маурисио Покетино е без работа по отказот од Тотнем, и се верува дека за неговите услуги интерес пројавува и ПСЖ

Во меѓувреме, обложувалниците
објавија нови коефициенти и понудија неколку кандидати за нов тренер на „ѓаволите“, Маурисио Покетино е прв фаворит, зад него се Макс Алегри и Јулијан Нагелсман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани