Аргентинецот го загуби својот живот кога приваниот авион со кој патуваше од Нант до Кардиф се урна во Англискиот наканл на 21. јануари. Емилијано Сала два дена претходно потпиша за клубот од Премиерлигата во рекорден трансфер вреден 17 милиони евра.
Одделот за истрага на авионски несреќи (ААИБ) денеска го објави првичниот извештај за несреќата. Авионот со кој патувал Емилијано Сала имал сертификат за летање до септември 2021, и последното одржување било извршено во ноември 2018.
Причината за несреќата се уште не е позната, и од анализата на радарските снимки се забележува дека авионот во неколку наврати го променил правецот, се искачувал и паѓал во минутите пред да се урне.
Остатоците од урнаиот авион биле најдени на дното на моретo на само 30 метри од последниот контакт со радорот. Авионот бил прилично оштетен, распарчен на три дела, и недостасувале крилата и задната перка.
ААИБ исто така соопшти дека пилотот Иботсон имал дозвола за приватни летови, но не и дозвола за комерцијални летови. Тоа значи дека не можел да пренесува патници доколку добие награда односно му биде платено. Тој можел да пренесува патници на основа на „делење на трошоците“ а тоа значи дека и Иботсон од свој џеб ќе треба да даде пари за летот (тој во минатото летал на ваков начин неколку пати).
ААИБ ќе продолжи да ги разгледува сите оперативни, технички, организациони и човечки фактори кои би можеле да го предизвикаат падот на вионот. Радарските информации дополнително ќе бидат анализирани за да се разберат последните моменнти од летот. Истражителите исто така ќе го аналзираат и видеото од урнатиот авион на дното на мороте со цел да утврдат на кој начин авионот влегол во водата.