Обамејанг се огласи по грабежот: Насилни кукавици влегоа во мојот дом… (ФОТО)

by
1 минути читање

Пјер Емерик Обамејанг
и неговото семејство имаа непријатно искуство оваа недела, разбојници влегле во
нивниот дом, го нападнале напаѓачот и го ограбиле.

Денеска беше
објавено дека Габонецот ќе биде надвор од терените околу еден месец, голгетерот заработил
фрактура на вилицата откако бил удрен со метална прачка.

Попладнево, Пјер
Емерик Обамејанг се огласи на социјалните мрежи и ги потврди настаните.

„Сакам да ви се
заблагодарам за пораките. Насилни кукавици влегоа во мојот дом и му се заканија
на моето семејство и децата само за да украдат одредени работи. Ми ја повредија
вилицата но ќе се опоравам за брзо време, му благодарам на Бог што никој друг не
настрада. Чувството дека повеќе не сте безбедни во вашиот дом е тешко да се
разбере и да се опише, но заедно како семејство ќе го пребродиме ова. Ви благодарам
за поддршката, ни значи многу“
– гласеше пораката на Пјер Емерик
Обамејанг.

Останува да се
види каква ќе биде иднината на Пјер Емерик Обамејанг, Барселона и Челси со
недели водат преговори, но се говори дека последните настани ја компликуваат
зделката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×