Обамејанг и Арсенал се многу блиску до договор за продолжување на соработката и според англиските медиуми таа наскоро ќе биде официјализирана.
Големо влијание за останувањето на Обамејанг има освојувањето на титулата во ФА Купот, сега напаѓачот смета дека тимот има иднина и под водство на Артета може да се остваруваат високи цели.
Тој на својот твитер профил објави мистериозна порака со неколку точки и песочен часовник, некои ја протолкуваа дека наскоро следува потпишување на договор.
….
— Aubameyang P-E (@Aubameyang7) August 16, 2020
Од друга страна пак, неговиот партнер од нападот, Александре Лаказет би може да замине од Арсенал.
„Скај Италија“ тврди дека Јувентус е сериозно заинтересиран за Лаказет, но се уште нема ништо конкретно. Тој има уште две години од договорот со Арсенал.