Обамејанг изненаден од Милан, особено испофали еден фудбалер

by
1 минути читање

Пјер Емерик
Обамејанг во 2007 и се приклучи на академијата на Милан, четири години беше дел
од клубот, но никогаш не доби вистинска шанса и во 2011 беше продаден на Сетн
Етјен.

Синоќа тој ги
одмери силите против својот поранешен клуб и постигна гол во победата на Челси
од 3-0 во Лигата на шампиони.

„Беше специјално
да се игра против мојот поранешен клуб, навистина сум среќен. Ни беше потребна
реакција, особено пред нашите навивачи и среќни сме со трите бода. За мене беше
одлично, долги години поминаа, сакав да играм против Милан и вчера конечно се
случи тоа“
– вели Пјер Америк Обамејанг.

„Ќе бидам искрен,
не очекував Милан да биде толку силен. Тежок противник кој игра навистина добро“.

„Рафаел Леао е
неверојатен фудбаелр, навистина импресивен. Многу е брз, моќен, може да направи
разлика во секој момент. Немам што друго да кажам освен дека е неверојатен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×