Обамејанг го пропушта дербито против Манчестер Сити

by
1 минути читање

Обамејанг не беше дел ниту од поразот против Евертон, а нема да игра и на утрешниот меч против Манчестер Сити.

„Оба не е подготвен за утрешниот меч, тоа е сигурно. Тој се чувствува подобро. Синоќа беше многу попозитивен отколку во претходните два дена. Ќе му направиме уште еден скен во наредните денови и ќе видиме колку брзо ќе може да се врати во тимот“, вели Артета.

„Тој е свесен колку е значаен за нас, чувствува одговорност и ќе направи се за да се врати колку што е можно побрзо“.

Арсенал игра очајно во Премиерлигата, но во куповите одлично се снаоѓа, за да дојдат до четвртфиналето во Лига Купот тие претходно ги елиминираа Лестер и Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×