Обамејанг го објасни видеото во кое зборува против Артета

by
1 минути читање

Обамејанг беше снимен како вели дека Артета не може да биде тренер на големи играчи, туку само на млади кои ќе молчат и ќе го слушаат.

Арсенал игра фантастично во досегашниот дел од сезоната и во моментов е на првото место во Премиерлигата пред Манчестер Сити.

Обамејанг вели дека видеото кое искочило е направено кога тој се преселил во Барселона и се уште имал лоши чувства од непријатната разделба со Арсенал.

„Свесен сум дека има излезено видео кое е снимено само што пристигнав во Барса. Во тој период се уште имав лоши чувства во мене. Арсенал игра одлично оваа сезона и им посакувам се најдобро на моите стари момци, само не на 6 ноември (тогаш играат со Челси). Сега комплетно се фокусирам на утрешниот меч“, напиша Обамејанг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×