Нуњез го стави Салах во незгодна ситуација на прославата титулата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул вчера ја прославија својата 20. титула шампиони на Англија, откако со убедливи 5-1 го совладаа Тотнем.

По последниот судиски свиреж, на теренот на „Енфилд“ започна голема прослава. Еден од оние во центарот на вниманието беше Мохамед Салах, офанзивецот кој со своите игри и голови беше клучен за новиот успех на клубот.

Расположениот Салах уживаше во славењето, но една сцена привлече посебно внимание. Додека се подготвуваше за фотографирање со соиграчите, му пријде Дарвин Нуњез со шише алкохолн, а познато е дека Египкќанецот поради своите религиски убедувања избегнува алкохол.

Уругваецот сепак не го послуша и го искористи моментот кога Салах се сврте со грб за да го испрска со алкохолнијот пијалок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани