Од редовите на Вардар денеска потврдија ново засилуваање и тоа Аргентинецот, Диего Факундо Кастањеда кој има 26 години, а во минатото беше дел и од редовите на Бока Јуниорс.
Во Вардар Кастањеда прстигнува од црногорскиот Петровац за кој во минатата сезона постигна седум гола и додааде пет асистенции.
Своевремено беше дел и од редовите на гигантот Бока Јуниорс во тимот до 20 години, а подоцна настапуваше и за „Б“ тимот на овој клуб.
„Брзината, добрата техника, прецизните додавања и борбениот темперамент го прават вреден играч во офанзивниот среден ред и тој е вистински претставник на аргентинската фудбалска школа“, велат од Вардар.
Ќе потсетиме, Вардар пред почетокот на новата сезона го очекува и настап во квалификациите за Конференциската лига каде што „црвено-црните“ ќе се соочат со Ла Фиорита од Сан Марино.