410
Мончи подготвува
ново ремек-дело, како што пишуваат медиумите, спортскиот директор на Севиља
сака да ангажира двајца светски шампиони а притоа да не плати ништо.
Се работи за
Јулијан Дракслер од ПСЖ и Флоријан Тован од Марсеј. Двајцата ги одработуваат
последните години од договорите и по крајот на сезоната можат да си заминат
беспари.
Мончи стапил во
контакт со агентите на Германецот и Французинот и се обидува да постави темели
за нивна преселба во Севиља. Останува да се види дали ќе успее во намерата, со оглед
на тоа дека има голем интерес за услугите на Јулијан Дракслер и Флоријан Тован.