Ново големо засилување за Њукасл, Харви Барнс за 38 милиони фунти

by
2 минути читање

Њукасл промовираше уште едно сериозно засилување за следната сезона, трето во овој преоден рок откако претходно потпиша со Јанкуба Минтех и Сандро Тонали.

25-годишниот Харви Барнс стави потпис на петгодишен договор со Њукасл кој за овој фудбалер ќе му плати на Лестер 38 милиони евра.

„Воодушевен сум, Њукасл е неверојатен клуб и за мене ова беше голема шанса да дојдам и да бидам вклучен во работата на еден успешен клуб, така да многу сум возбуден што сум тука. Мислам дека сон на секој напаѓач е да игра во ваков клуб, каде има високо темпо, физички силен и милам дека стилот ќе ми одговара, а наградата од таа игра се шанси и голови“, рече Барнс.

@2024 – Сите права задржани