Кога Барселона го
промовираше Жил Кунде, Жоан Лапорта откри дека е договорена продажба на 25% од
„Барса Студиос“ за 100 милиони евра, и изрази надеж дека оваа зделка, заедно со
продажбата на 25% од ТВ правата, ќе им овозможи да се регистрираат новите
засилувања.
Но последните
информации од Шпанија велат дека ова не е доволно, КОПЕ пренесе дека Ла Лига
веќе ги известила „каталонците“ дека не можат да ги регистрираат сите
засилувања.
Ла Лига и
Барселона различно ги толкуваат правилата, за Ла Лига е важна сумата на пари
која е внесена во клубот а не капиталната добивка, и има разлика од околу 150
милиони евра.
„Каталонците“
сега треба да ја намалат сметката за плати, тешко им оди продавањето на
фудбалери, па вчера на итен состанок биле повикани Жерард Пике и Серхио Бускетс
и од капитените било побарано да прифатат ново намалување на платата.
Жоан Лапорта и
неговите соработници исто така размислуваат да продадат уште 25% од „Барса
Студиос“, доколку не успеат да ја намалат сметката за плати.