Новите правила на Мурињо во Реал Мадрид!

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо сака да ја врати дисциплината во Реал Мадрид, тој не е задоволен од она што го затекнал кога пристигнал, па воведе нови правила.

Португалецот сака да креира единство и дисциплина во тимот. Фудбалерите на Реал Мадрид ќе мора да ги почитуваат правилата на Жозе Мурињо.

  • Исхраната отсега е планирана, фудбалерите ќе имаат фиксни менија за појадок, ужина и ручек припремени од нутриционист. Веќе нема да имаат слобода да јадат што сакаат.
  • Фудбалерите мора да пристигнат во тренинг центарот еден час пред тренингот. Секој кој ќе закасни ќе биде казнет без разлика на неговиот статус.
  • Казната за доцнење ќе биде тренинг сесија во теретана комплетно сам, без остатокот од тимот.
  • Повредените фудбалери мора рехабилитацијата да ја прават во тренинг центарот на Реал Мадрид, наутро и попладне.
  • Фудбалерите и стручниот штаб мора да јадат заедно во тренинг центарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×