Палермо започнува
нова ера, Маурицио Ѕампарини се повлече а „Сицилијанците“ преминуваат во раце на
конзорциум од САД.
На чело на клубот
дојде Пол Бакаљини, кој во Италија е познат како ТВ и радио водител и учесник
во популарното шоу „Ле Јене“ (Хиени).
Во недела клубот
од Сицилија ќе го има привиот натпревар под водство на новото раководство, на Ренцо Барбера
гостува Рома.
„Полни сме со
ентузијазам но не сме луди” – вели Пол Бакаљини. „Знаеме дека има голема разлика помеѓу нас и Рома,
но убавината на фудбалот е тоа што срцето и пасијата се фактори кои можат да
одиграат значајна улога”.
„Не гледам пречка за позитивен резултат на Палермо”.
Тој потоа покажа
дека знае дека биде исто толку контроверзен како неговиот претходни, Маурицио
Ѕампарини.
„Ќе и се јавам на
Илари Блази (сопругата на Франческо Тоти), ја познавам, заедно работвеме во „Ле
Јене“. Ќе и кажам да го отруе Тоти” – додава Бакаљини со насмевка на лицето.