Новиот сопственик на Jунајтед откри дали ќе потроши богатство за ангажман на Мбапе и Белингам

by
1 минути читање

Минатиот месец и официјално беше потврдена зделката со која Сер Џим Ратклиф купи 25% од сопственоста на Манчестер јунајтед.

Најбогатиот Британец ќе добие контрола врз фудбалските активности и веќе почна да го крои тимот на директори кои ќе треба да ги вратат „ѓаволите“ на шампионските патеки.

Навивачите очекуваат големи засилувања, но нема да им се допаднат последните изјави на Сер Џим Ратклиф.

„Попрво би го нашол следниот Мбапе наместо да потрошам богатство и да купам успех. Не треба многу памет за да го купите Мбапе, секој знае дека тој е врвен фудбалер“ – вели новиот сопственик на „ѓаволите“.

Запрашан за можен ангажман на Џуд Белингам, Сер Џим Ратклиф рече: „Тој е голем играч, но во моментов не е во нашиот фокус. Не е решение да се потрошат многу пари на неколку големи играчи“.

„Целта е да се најде следниот Мбапе, следниот Белингам, или следниот Рој Кин“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани