Новиот соиграч на Барди на 14 години станал татко, на 16 веќе имал второ дете

by
1 минути читање

Таткото на Весли Мораеш починал кога тој имал девет години, па фудбалерот уште а мал морал да почне да работи и побрзо да се развива од своите врсници.

Станал татко на само 14 години, а на 16 години веќе имал второ дете. Двете деца му биле од различни жени.

„Кога татко ми умре, беше тешко бидејќи мајка ми беше сама со мене и моите браќа, но работеше денеска се и должам неа. Таа направи се за да станам тоа што сум денес“, вели Весли Мораеш.

„Првото дете го добив кога имав 14 години. Беше тешко бидејќи тогаш почнував да се обидувам да играм професионален фудбал. Требаше да работам, па да одам на тренинг секој ден. Играв, а требаше да мислам на моето семејство, децата, мајка ми, на сите“.

25-годишниот Мораеш во Европа прво потпишува за Тренчин од Словачка, а од таму се сели во Клуб Бриж каде игра три години по што во 2019 оди во Асон Вила. Требало да направи и трансфер во Манчестер јунајтед, но тогаш заработува тешка повреда. Сега во Леванте ќе се обиде да си ја врати кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×