Новиот газда дал зелено светло: Тухел ќе има целосна контрола на трансферите во Челси, познати се и некои од неговите желби

by
1 минути читање

Новите газди на Челси нема да му се мешаат на Томас Тухел во трансфер политиката, тој ќе составува листа на желби за засилувања, а клубот ќе се обидува да му ги исполни. Тоа била една од главните теми на денешниот состанок.

Поради заминувањата на Ридигер и Кристенсен, Челси ќе треба пред се да се засили во дефанзивата, Кунуде треба да потпише овој месец за сините.

Тухел го побарал и Де Лихт од Јувентус кој веќе јавно изрази несигурност околу потпишувањето на нов договор со италијанскиот клуб. Втора опција е Гвардиол.

Челси е сериозен фаворит и за потписот на Дембеле од Барселона кој на Стемфорд Бриџ би можел да пристигне како слободен играч.

Новите сопственици на клубот сакаат Челси да биде конкурентен и да се бори за нејголемите трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×