Новиот европски првак сака да го купи „српскиот Меси“

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Црвена звезда, Андрија Максимовиќ, стана мета на европските гиганти – а меѓу најзаинтересираните се наоѓа и Пари Сен Жермен. Според информации од Србија, токму францускиот првак е силно заинтересиран да го донесе талентираниот офанзивец кој го доби прекарот „српскиот Меси“. Максимовиќ на 5 јуни ќе наполни 18 години, што значи дека ќе може легално да ја напушти Србија и да направи трансфер во странство.

Луис Енрике лично го посочил како засилување за иднината, а ПСЖ не се ограничува само на него – во игра е и еден офанзивец од Порто, кој на 37 натпревари постигна 11 гола и 4 асистенции. Сепак, тој би ги чинел „светците“ два и пол пати повеќе од Максимовиќ, кој е проценет на околу 15 милиони евра.

Младиот Србин сезонава во Суперлигата има два гола и пет асистенции, а веќе е поврзуван со големи имиња како Ливерпул, Борусија Дортмунд, Ајнтрахт Франкфурт, Лајпциг, Удинезе, Галатасарај и други.

Интересот расте, а останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата едно од најголемите српски фудбалски ветувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани