Новинарот Ромеро говори за неверојтна тројна зделка помеѓу Барса, ПСЖ и Манчестер Сити

by
1 минути читање

„Каталонците“ ова
лето се засилија со Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Рафиња, Роберт Левандовски
и Жил Кунде, но нема да застанат тука.

Маркос Алонсо од
Челси е пред трансфер, ќе се бара и нов десен бек а се најавува и пристигнување
на уште едно звучно име, односно Бернардо Силва.

Сепак, за да се реализира
послендиот трансфер, Френки де Јонг ќе треба да го напушти клубот, а во
моментов Холанѓанецот ги одбива понудите на Манчестер јунајтед и Челси.

Новинарот Жерард
Ромеро сега говори за неверојатна тројна зделка помеѓу Барселона, ПСЖ и
Манчестер Сити.

„Тешко ми е да
помислам дека Френки де Јонг ќе остане доколку Бернардо Силва пристигне. Не е
проблем само сметката за плати, туку и бројот на фудбалери на исти или слични
позиции. Но можно е да се случи тројна зделка помеѓу Сити, Барса и ПСЖ. Бернардо
Силва ќе се пресели во Барса, Френки де Јонг во ПСЖ а Марко Верати во Сити. Во
моментов ова изгледа незамисливо, но до крајот на преодниот рок можат да се случат
луди работи, Верати не се сложува добро со Галтие“
– вели новинарот кој обично
е добро упатен за случувањата на Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани