717
Поразот од 8-2 се чини дека ја прели чашата и кај Лео Меси кој е подготвен конечно да ја напушти Барселона и да побара нов предизвик.
Новинарот Марсело Бечлер, за Еспорте Интеративо тврди дека Меси веќе ја донел одлуката и му соопштил на раководството не сака да чека веќе, овоа лето има намера да замине од Барселона.
Марсело Бечлер беше новинарот кој прв соопшти дека Нејмар ќе направи трансфер од Барселона во ПСЖ.
Се шекулира дека Интер е најблиску до потписот на Меси, има информации дека фудбалерот и неговиот татко веќе купиле куќи во Милано.
Како опција се споменува и Манчестер Сити, повторно обединување меѓу Гвардиола и Меси.