325
За интересот на Реал Мадрид за Нејмар се пишува со месеци, а масло во оганот сега додава бразилскиот новинар Улисес Коста.
Тој беше еден од првите кои изминатово лето најави дека напаѓачот ќе направи спектакуларен трансфер во ПСЖ, а сега излезе со ново „бомбазо“.
Улисес Коста вели дека Нејмар веќе по крајот на сезоната ќе се врати во Шпанија и тоа во дресот на „Кралевите“.
„Нејмар ќе биде играч на Реал Мадрид кога ќе заврши со настапот во Лигата на шампиони. Тој одново ќе настапува во Шпанија“ – вели Коста.
„Му посакувам многу среќа на Нејмар, се најдобро, продолжи да блескаш и да бидеш најдобар во светот“.