Новинарите го шокираа Белингем: Му поставија прашање за Нико Вилијамс!

by Стефан
1 минути читање

Пред вечерашниот полуфинален дуел од Светското клупско првенство, англиската ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингем, беше ставен во необична ситуација , наместо прашања поврзани со натпреварот против Борусија Дортмунд, доби молба да ја прокоментира ситуацијата со Нико Вилијамс.

Иако Вилијамс нема никаква поврзаност со „кралскиот клуб“, Белингем мораше да одговори на новинарско прашање кое очигледно го изненади.

„Не ми е грижа за тоа. Тоа нема никаква врска со Реал Мадрид, па не ми е грижа“, беше краток и јасен одговорот на англискиот репрезентативец.

Нико Вилијамс во последните недели се очекуваше да ја засили Барселона, но наместо тоа, младиот крилен напаѓач одлучи да ја продолжи својата верност кон Атлетик Билбао и стави потпис на нов десетгодишен договор со клубот од Бискаја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×