Лука Модриќ
минатото лето силно се поврзуваше со преселба во Саудиска Арабија, но Хрватот
реши да остане на „Бернабеу“ и да стави потпис на едногодишен договор.
Но тој сега има
ограничена минутажа и често се пишува дека фудбалерот не е задоволен од
ситауцијата.
Новинарот Едуардо
Инда откри дека Лука Модриќ му се налутил на Карло Анчелоти, смета дека бил
измамен од тренерот.
„Модриќ имаше
понуда од Саудиска Арабија. Остана откако раговараше со тренерот. Поминаа
неколку месеци, а тој не е ниту 12ти, ниту 13ти играч во тимот. Прилично е
вознемирен“ – раскажува Инда.
„Веќе му кажа на
Анчелоти дека е измамен, секако му го кажа ова со убави зборови бидејќи се
работи за едуцирано момче“.
„Анчелоти не му
вети дека ќе биде стартер, но дека сериозно ќе смета на него. Но дали навистина
сериозно смета на него? Модриќ во моментов е 15ти или 16ти играч во тимот“.
„Модриќ нема да
добие нов договор, мислам дека ќе продолжи во Саудиска Арабија. Во прашање се
многу пари. Прво му понудија 40 милиони евра, а потоа и 60 милиони евра нето по
сезона, тоа ќе биде брутален крај на кариерата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.