Синоќа како бомба
одекна веста дека Лео Меси решил да замине од Камп Ноу, Аргентинецот со итен
допис ја известил Барселона дека сака уште ова лето да го напушти клубот и тоа
беспари.
Па новинарот
Жозеп Педрерол и водител на „Ел Чирингито“ го прекина својот одмор за да
направи специјална емисија за иднината на капитенот на „каталонците“.
Тој објасни дека
единствен начин за Барса да му дозволи на Лео Меси да замине е само за исторски
трансфер, односно сума поголема од онаа која ПСЖ ја плати за Нејмар (222
милиони евра).
Во еден дел од емисјата,
тој доби порака, а откако десетина секунди гледаше во својот мобилен без да
каже ништо, Жозеп Педрерол рече: „Ми пишаа дека Лео Меси ќе оди во Манчестер
Сити“.
Претходно
медиумите пишуваа дека Лео Меси веќе му се јавил на Пеп Гвардиола и го
распрашувал својот поранешен тренер за трансфер на Етихад. И според
обложувалниците, „граѓаните“ се прв фаворит за потписот на Аргентинецот.