Жерард Пике
изминатиов период е во фокусот на јавноста поради работи кои не се поврзани со
фудбалот, односно неговиот приватен живот. Дефанзивецот се разведе од Шакира и
има нова љубов, неодамна беше откриено дека се работи за 23 годишната Клара Чиа
Марти и беа објавени фотографии од двајцата како заедно уживаат на концерт.
Фоторепортерот
Жорди Мартин сега му се закани на Жерард Пике дека ќе открие сочни детали од
неговиот живот.
„Оваа недела ќе
ја симнам твојата маска. На целиот свет ќе му објаснам како се случи големото
предавство. На Шакира веќе и доставив цело досие со докази за тоа кога, како, каде
и со кого ја изневеруваше“ – гласеше објавата на социјалните мрежи.
Се говори дека врската
на Жерард Пике со Клара Чиа Марти не е единственото неверство, фудбалерот имал
авантура и во 2016 година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.