На натпреварот
помеѓу Холандија и Аргентина имаше многу тензија, непримерни гестови и неколку
мешаници.
Атмосферата
остана вжештена и по последниот свиреж на судијата, на социјалните мрежи се
појави бурна реакција од Лео Меси додека даваше интревју и дофрли: „Што сакаш?
Што гледаш? Бегај таму глупаку“.
Овие зборови биле
наменети за Вегхорст, кој со два гола ја врати Холандија во живот и се погрижи
натпреварот да отиде во продолженија.
Новинарот Јохан
Кучукаслан бил сведок на случувањата во подтрибинскиот простор и објасни што се
случувало.
„Имаше многу
емоции. Вегхорст чекаше допинг тест кога Меси пристигна и започна расправијата.
Не очекував да го видам Лео во такво издание, вообичаено не се расправа,
особено не се противник од 2 метри. Имаше прилично голема разлика во висината
помеѓу двајцата“ – вели новинарот од шведската СВТ.
Picado el vestuario. pic.twitter.com/JXNAKzk4hp
— Javier Lanza (@javierlanza) December 10, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.