Нови победи за Милан и Интер, миланските екипи се во форма во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По 13 одиграни кола Милан и Интер се на врвот со само еден бод разлика меѓу нив, миланските екипи засега се најдобри во Серија А оваа сезона.

Милан фуриозно го почна мечот со Сасуоло, по само 6,2 секуди Рафаел Леао постигна гол за водство од 1-0, тоа беше најбрзиот гол во историјата на Серија А.

Три минути подоцна реализираше и Чалханоглу, но ВАР го поништи погодокот поради офсајд. Сепак во 26. минута Салемакерс му донесе водство на Милан од 2-1.

Во 89. минута Берарди постигна почесен гол за Сасуоло за конечни 2-1.

Интер во 52. минута го скрши отпорот на Специја со гол на Хакими, во 71. минута Лукаку од пенал зголеми на 2-0.

Специја во судиското продолжение само го ублажи поразот на 2-1.

Џенова со 2-0 загуби на гостувањето кај Беневенто. Пандев во игра влезе во 58. минута од мечот.

Удинезе одигра 1-1 кај Каљари, Несторовски во игра влезе во 78. минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани