Нови детали од трансферот на Касемиро: За Реал Мадрид 60 милиони евра, за Бразилецот преку 100 милиони

by
1 минути читање

Касемиро решил да
го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и се очекува во следните часови да падне
договор за трансфер во Манчестер јунајтед.

Како што
пренесува Онда Серо, Реал Мадрид ќе добие околу 60 милиони евра обесштетување
додека пак Бразилецот ќе добие договор тежок преку 100 милиони евра бруто.

Новинарот
Фабрицио Романо пак пишува за зделка од 60+10 милиони евра, додека пак Касемиро
ќе добие договор до 2026, плус опција за уште една додатна година.

Атлетик исто така
пишува за трансфер од 60+10 милиони евра, Касемиро ќе биде еден од најплатените
во Манчестер јунајтед доколку во предвид не се земе Кристијано Роналдо, и
Бразилецот ќе има особено покачување на платата доколку „ѓаволите“ во иднина
бидат дел од Лигата на шампиони.

Во меѓувреме, од Шпанија пристигнуваат информации дека Касемиро синоќа бил на вечера со пријателите и се збогувал пред да се пресели во Манчестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×