Пол Погба ќе почека
до јануари за да го има кам-бекот во дресот на Јувентус а нема да настапи ниту на мундијалот во Катар.
Французинот се
врати на тренинзите по операцијата на коленото, но наместо да влезе во
натпреварувачки ритам, заработи повреда на бутниот мускул (ногата со
проблематичното колено) и ќе мора да продолжи со рехабилитација.
„По лекарските
прегледи направени вчера и денес во Торино и Питсбурк, ме боли тоа што морам да
ве информирам дека Пол Погба нема наскоро да му се приклучи на тимот на
Јувентус и нема да може да настапи со Франција во Катар“ – гласи известувањето
на неговата агентка.
„Пол сака што
поскоро да се врати на терените, но мора да биде трпелив, да работи напорно во
овие тешки мигови, и да го даде најдоброто од себе за повторно да игра фудбал“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.