Рис Џејмс го чека нова пауза, Англичанецот се повреди на синоќешниот натпревар против Борнмут и се претпоставува дека најмалку 3-4 недели ќе биде надвор од стројот.
Новиот пех ги вклучи алармите на Стемфорд Бриџ, и како што пренесува Скај Спортс, Челси размислува да донесе нов десен бек.
Јосип Јурановиќ од Селтик е на врвот на листата со желби, Хрватот подолго време бил скаутиран од „сините“ и со добрите настапи во Катар сериозно се наметнал како засилување во зимскиот преден рок.
Се верува дека Селтик нема да прави проблеми доколку пристигне добра понуда, но Челси ќе треба да реагира брзо бидејќи интерес за Јосип Јурановиќ пројавуваат и Барселона и Атлетико Мадрид.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.