Новата италијанска ѕвезда, Њонто немал лесно детство: Мајка ми работеше во хотел, од бакшишот полневме гориво за да ме носи на тренинг

by
1 минути читање

Роберто Манчини реши да му даде шанса на младиот Њонто во репрезентацијата, а тој ја искористи, стана најмладиот стрелец за Италија и го покажа својот потенцијал.

Њонто осум години бил дел од младинската школа на Интер, во 2020 ја напуштил и заминал во Цирих, тој е благодарен на своите родители кои давале голема жртва за нивниот син да успее.

„Овие денови исполнив многу од соновите кои ги имав кога почнував да играм. И тоа се должи на голема пожртвуваност, особено од моите родители. Тоа што тие го правеа за мене беше неверојатно“, вели Њонто.

„Многу луѓе велат дека го напуштив Интер за Цирих за пари, но тоа не е точно. Беше вистинско време за мене да играм во прв тим. Цирих презема ризик, имав среќа да отидам таму. Исто така ги имав и моите родители со мене“.

На Њонто му е жал што неговиот прв гол се случил во висок пораз од Германија.

„Жал ми е што тоа беше во таков пораз. Најважно е да победите, не е важно кој ги дава головите. Германците беа супериорни во сите аспекти во однос на нас. Но ние сме млад состав, никогаш немавме играно заедно до овие мечеви, пред нас имаме две тешки години, но во составот има ентузијазам, квалитет и искуство“.

Во меѓувреме тој ќе настапи за Италија У19 на Европското првенство.

Минатата сезона тој постигна осум голови и имаше три асистенции во швајцарската лига во која одигра 33 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани