1,2K
Наполи на убедлив начин запиша три нови бода, овојпат жртва на тимот на Спалети беше Монца.
Ѕвезда на денот беше новото засилување Кваратскелија кој постигна два гола, Елмас токму на негово место влезе во 70. минута.
Деби гол за Наполи даде дефанзивецот Ким, а еден од четирите погодоци беше дело на Осимен.
На вториот натпревар во овој термин, дуелот меѓу Емполи и Фиорентина, немаше голови.