Нова тензија во ПСЖ, Мбапе не е единствениот кој се однесувал како „газда“

by
1 минути читање

ПСЖ одлично ја започна новата сезона, Меси, Нејмар и Мбапе се разиграни, „светците“ ги газат противниците, но често има написи за тензии и проблеми.

Килијан Мбапе се натегаше со Нејмар за тоа кој да изведе пенал, се пишуваше дека двајцата не се во добар однос и дека Французинот го променил однесувањето откако добил нов договор и ветување дека ќе биде главен во тимот.

Но нема само тензии во соблекувалната, има тензии и во раковдството откако ова лето имаше промени и во тој дел.

Во центарот на вниманието е Антеро Енрике, поранешниот спортски директор се врати во Париз и има улога во преговорите за продажба на играчи и нови договори.

Тој го навлекол гневот на директор Луис Кампос и тренерот Кристоф Галтие поради тоа што кочи неколку продажби. Луис Кампос практичн догооврил заминување на Леонардо Паредес во Јувентус, Кејлор Навас во Наполи, Идрис Геј во Евертон и Андер Ерера во Атлетик Билбао, Антеро Енрике треба да ги испегла деталите но никако да пристигне абер дека овие играчи заминуваат.

Со оглед на тоа дека нема продажба на играчи, ПСЖ не може да ангажира нови имиња а Кристоф Галтие во неколку наврати јавно порача дека очекува уште три нови имиња.

И не само тоа, Ентеро Енрике на блиските соработници им кажувал дека всушност тој е главен во клубот, и се фалел дека одиграл клучна улога во убедувањето Килијан Мбапе да стави потпис на нов договор.

Самиот Килијан Мбапе бил изненаден од ова со оглед на тоа дека тој веќе имал одлучено дека останува во Париз кога Антеро Енрике станал дел од преговорите, и поранешниот спортски директор само ги сработил условите од договорот кој бил потпишан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани