Рајо даде по еден гол во двете полувремиња, а Димитриевски запиша една интервенција, зашто гостите само еднаш успеаа да шутнат во неговата рамка од голот, па заслужено ги освоија трите бода со кои сега колото кое се игра викендов ќе го дочекаат од четврто место со девет бода на контото.
Иси Палазон од пенал во 43-та минута погоди за водство откако Рајо не успеа во првите десет минути да поведе по две извонредни шанси, а потоа Алваро Гарсија го затвори мечот со втор погодок осум минути пред крајот, откако повторно Рајо во раната фаза од вториот дел прокоцка две шанси.
За Алавес ова е трет пораз сезонава и со шест бода привремено е на 12-то место.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.