По победата над Тотнем, Евертон денеска освои нови три бода откако со 5-2 го совлада Вест Бромвич.
Натпреварот не почна најдобро за тимот на Карло Анчелоти, Диангана во 10. минута постигна гол за водство на ВБА од 1-0.
Предноста на гостите траеше до 31. минута кога Калверт Луин погоди за 1-1, а пред крајот на полувремето Хамес Родригез со својот прв гол за Евертон му донесе водство на својот тим од 2-1.
Во следната минута глупост направи Гибс кој без топка го удри Родригез по што доби директен црвен картон, ВБА остана со играч помалку но и без тренерот Славен Билиќ кој поради приговор исто така беше пратен на трибини.
Но, по само две минути од второто полувреме Переира даде прекрасен гол од слободен удар и изедначи на 2-2.
Сепак Евертон брзо се врати во колосек, дефанзивецот Кин најдобро се снајде по една одбиена топка во шеснаесетникот на ВБА и го врати водството на неговиот тим.
Потоа за четири минути Калверт Луин постигна два гола за негов хет-трик и конечен резултат од 5-2.