Нова победа без примен гол на Арсенал, Јунајтед поведе – па спаси бод против Нотингем Форест (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал продолжува да гази во Премиер лигата и со сигурна игра дојде до нови три бода, совладувајќи го Барнли на гостински терен со 0-2 во рамките на десеттото коло.

Тимот на Микел Артета уште во првото полувреме ја реши задачата благодарение на головите на Виктор Ѓокереш и Деклан Рајс. „Топчиите“ контролираа во секој сегмент од играта и не дозволија домашниот состав да се закани сериозно.

По оваа победа Арсенал се зацврсти на врвот на табелата со 25 бодови, осум повеќе од второпласираниот Борнмут, кој има и натпревар помалку.

На гостувањето кај Нотингем Форест, Манчестер Јунајтед одигра драматичен дуел што заврши без победник, 2-2. „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Касемиро, но за само неколку минути Гибс-Вајт и Савона направија пресврт за домаќините. Сепак, Амад Диало со одличен удар од работ на шеснаесетникот донесе бод за тимот на Рубен Аморим.

На останатите терени Брајтон го победи Лидс (3-0), Кристал Палас слави против Брентфорд (2-0) и Фулам дома триумфира со Волвс (3-0).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×