Нов удар за Реал Мадрид: Младата ѕвезда го пропушта Светското клупско првенство

by 24 фудбал
1 минути читање

Лоши вести за Реал Мадрид – младата ѕвезда Ендрик ќе го пропушти Светското клупско првенство во САД поради повреда.

Бразилецот има проблем со задната ложа и му претстои пауза од најмалку два месеца, соопштија од клубот. Тоа значи дека нема да биде на располагање за турнирот што ќе се игра од 14 јуни до 13 јули.

Ова е втор удар за „кралскиот клуб“ во ист ден – претходно беше потврдено дека Џуд Белингем ќе мора на операција на рамо по завршувањето на првенството. Англичанецот, сепак, ќе игра на турнирот.

Ендрик, кој летово пристигна од Палмеирас, одигра солидна дебитантска сезона – настапи на 37 меча во сите натпреварувања и постигна седум голови, пет од нив во Купот на Кралот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани