Нов тежок пораз на Србија, примија пет гола од Мексико (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Србија доживеа уште еден дебакл на пријателските натпревари, во Толука од Мексико загубија со 5-1.

Србија настапува со променет состав во овие пријателски натпревари, Пауновиќ состави тим од играчи од домашното првенство и фудбалери оние кои не настапувале многу претходно, но осум голови примени на два меча од Мексико и Зеленортски Острови се многу.

Србите одлично го почнаа мечот против Мексико, поведоа со гол на Петр Станиќ во 19. минута. Но, домаќините го свртеа резултатот до крајот на полувремето. Прво, Јохан Васкез го израмни резултатот на 1-1 во 34. минута, а во судиското продолжение од првото полувреме, Стефан Бокинац му донесе водство на Мексико со автогол. Во вториот дел, Мексиканците ја потврдија победата. Раул Хименез зголеми на 3-1 во 57. минута, по што следеше уште еден автогол на српската репрезентација. Со несмасна реакција, Адем Авдиќ ја затресе својата мрежа во 72. минута за 4-1, а конечниот резултат го постави Луис Чавез во самиот финиш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×