Арсенал сигурно ќе се најде на удар на јавноста откако Томас Парти попладнево беше обвинет по пет точки за силување и една за сексуален напад, истрагата траела речиси три години, а во тој период фудбалерот играше без проблем.
Томас Парти не успеа да постигне согласност со Арсенал за нов договор и како слободен играч го напушти клубот во понеделникот.
Но ова е најмалиот проблем за фудбалерот од Гана, полицијата попладнево соопшти дека Томас Парти е обвинет по пет точки за силување и една за сексуален напад.
Инцидентите се случиле во 2021 и 2022 година, и инволвирани се три жени.
„Топчиите“ сега сигурно ќе се најдат на удар на јавноста, со оглед на тоа дека знаеле за истрагата и сериозните обвинувања, но и покрај тоа Томас Парти играше без проблеми, дури и му беше понуден нов договор.
ФОТО: X/Arsenal