ПСЖ има нов адут
во намерата да го ангажира Осман Дембеле, медиумите од Франција пишуваат за
приватна клаузула која дополнително и ги врзува рацете на Барселона.
Синоќа на полноќ
истече рокот спред кој 50 милиони евра беа потребни да се активира откупната
клаузула на Осман Дембеле во Ла Лига, и од денеска потребно е двојно повеќе,
односно 100 милиони евра.
Сепак, Л’Екип
сега пишува за приватна клаузула која била активирана синоќа кога ПСЖ испратил
формален допис до Барселона и ги известил „каталонците“ за намерата да го ангажира Осман
Дембеле.
Благодарејќи на
оава приватна клаузула, ПСЖ со 50 милиони евра може да го купи Осман Дембеле и
во следните денови. Се очекува до крајот на неделата да се реализира зделката.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.