Нов кикс на Ливерпул, само реми кај Вест Хем, шансите за титулата исчезнуваат! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Испраќањето на Јирген Клоп е далеку од идеално, Ливерпул падна во формата во најважниот период од сезоната. Црвените денеска загубија уште два бода.

Вест Хем поведе пред крајот на првиот дел со гол на Боуен, по три минути игра Робертсон израмни на 1-1, а во 65. минута Ареола си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.

Во 77. минута Антонио изедначи на 2-2, што беше и конечен резултат на мечот.

На последните пет меча во Премиерлигата, Ливерпул има само една победа, па може да се каже дека веќе и немаат шанси за титулата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×